Календар

Јули
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
             

Неделен Програм

Воис Мастер курс

Харе Кришна
Маха - Мантра

Кратки одговори на вообичаените прашања

 

Кои свети списи ги следите?

Членовите на Харе Кришна движењето ја следат древната ведска книжевност, особено „Бхагавад-гита“ и „Шримад-Бхагаватам“. Овие учења се стари повеќе од 5000 години и денес ги практикуваат околу 900 милиони луѓе ширум светот. Оваа трансцендентална наука ги дава сите одговори поврзани со душата, Бог, материјалниот свет, духовниот свет и нивниот взаемен однос.

 

Што претставува мантрата Харе Кришна?

Оваа мантра е духовна звучна вибрација која ја прочистува свесноста и ја буди љубовта кон Бог. Пеењето на Харе Кришна мантрата - Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе – е препорачано во ведската книжевност како најлесниот метод за достигнување духовно спознание во денешно време. Кришна е санскритско име за Бог кое значи „сепривлечен“, а Рама е друго име на Бог кое значи „извор на сето задоволство“. Харе се однесува на божествената енергија на Господ. Според тоа, Харе Кришна мантрата значи, „О сепривлечен Господе о извору на сето задоволство, о Божја енергијо, ве молам вклучете ме во Вашата служба“. Постојат два начини на пеење на оваа мантра: заедничко пеење (киртана) и засебно пеење на бројаница (џапа). Не постојат никакви правила за пеење на оваа мантра и може да се пее во било кое време.

 

Зошто сте вегетаријанци?

Ведските списи го воспоставуваат ненасилството, наречено ахимса, како етичка основа на вегетаријанството и како предуслов за спокојно општество. Според Ведите Бог е Севишниот Татко на сите суштества, а не само на луѓето. Затоа, колењето на невините животни се смета за истоветно со убивањето на сопствените браќа или сестри. Посветениците на Кришна се лакто-вегетеријанци, т.е. не јадат месо, риба и јајца. Иако може да се приговори дека вегетаријанците се виновни за убивањето на растенијата, сепак за да се добие храната како овошјето, зеленчукот, млекото и житарките не е потребно да се убијат растенијата. А сепак ако растението се убие, болката нанесена е многу помала отколку онаа што ја чувствуваат животните како кравите или јагнињата.
Според кармата, природниот закон на акција и реакција, човечкото суштество мора да страда поради убивањето извршено спротивно на Божјите закони. Затоа, како и за да Му укажат признание и почит на врховниот сопственик и снабдувачот на сета храна, посветениците подготвуваат вегетаријанска храна и со посветеност му ја нудат на Господ Кришна. Потоа храната се нарекува прасадам (духовна храна) и во неа може потполно да се ужива без страв од некаква кармичка последица.

 

Зошто некои од вашите членови носат традиционална облека?

Во древната ведска култура човекот се облекувал во склад со неговата друштвена и духовна положба. Следејќи ја оваа традиција, жените кои живеат во нашите храмови носат сари, а мажите доти. Оженетите мажи носат бело, а неоженетите портокалово. Мажите кои живеат како монаси ги бричат своите глави, а одзади оставаат прамен коса наречен сикха. Ова се прави како знак на одвоеност и посветеност на Кришна, како и поради одржување чистота и едноставност. Сикхата е и знак на прифаќање на Бог како личност, а не како некоја безлична сила. Знакот од глина на челото означува дека телото е Божји храм. Глината потекнува од светите реки во Индија.

 

Дали верувате во реинкарнација?

Да. „Бхагавад-гита“, главниот спис на Харе Кришна движењето и коренот на сфаќањето за реинкарнацијата, вели: „Како што втеловената душа во ова тело минува од детство во младост и од младост во старост, на сличен начин по смртта душата преминува во друго тело. Самоосознаената душа не е збунета од ваквата промена.“
Понатаму, Ведите објаснуваат дека душата во материјалниот свет се сели во кругот на постојаното раѓање и умирање во еден од 8 400 000 видови на живот. Меѓутоа, само човечкиот облик ја дава можноста за духовно осознавање. Пониските видови на живот не се надарени со доволна интелигенција со која би можеле да сфатат дека душата се разликува од материјалното тело.

 

Според филозофијата на свесноста за Кришна, која е целта на животот?

Ведите велат дека целта на животот е да се научи како правилно да се служи Бог, да се оживее нашата љубов за Него и на крајот од животот да се вратиме во духовниот свет каде вечно ќе живееме со Него. Овој процес може потполно да ја разбуди свеста за нашиот вистински вечен духовен идентитет, кој е над привременото тело и ограничувањата на материјалното постоење. Ова ниво на самоосознавање ја прочистува нашата свесност и нè ослободува од кругот на раѓањето и смртта, или реинкарнацијата.

 

Кој го започна Харе Кришна движењето?

Во 1965г., Неговата Божествена Милост А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада пристигна сам од Индија во САД со цел да ја воспостави вечната традиција на свесноста за Кришна во западниот свет. Тој сам го започна Меѓународното друштво за свесноста за Кришна, светско друштво со повеќе од 500 храмови, заедници и училишта ширум светот, кое брои повеќе од 3 милиони членови на Запад и околу 50 милиони ширум светот. Шрила Прабхупада преведе повеќе од 50 книги за свесноста за Кришна, кои денес се достапни на повеќе од 65 светски јазици. Пред да замине од светот во 1977г., уреди за движењето да се грижат некои од неговите поискусни ученици. Така, по неговото заминување, неговите ученици започнаа да прифаќаат ученици следејќи го древниот систем на ученичкото наследство. Тој ги допре срцата на многумина кои како знак на благодарност кон него им го пренесуваат ова знаење и на другите.

 

Како би можел да се вклучам?

Многумина се прашуваат дали би требало и тие да си ги избричат главите и да носат традиционална облека, или да живеат во храм за да може да му се приклучат на Харе Кришна движењето. Меѓутоа, тоа не е неопходно. Човек може да учествува до оној степен до кој мисли дека би можел да се посвети. Не треба да се откажете од вашата работа, кариера или семејство. Ако погледнете наоколу ќе видите многу членови на Харе Кришна движењето кои потполно го следат ведскиот начин на живот, а сепак имаат семејства, кариери или студираат итн. Тие едноставно го додаваат во својот живот ведскиот начин на живот, т.е. проучувањето на ведската филозофија и радосното пеење на Харе Кришна мантрата. Значи многу е лесно да се започне со практикувањето на овој духовен живот, бидејќи поединецот самиот одлучува до кој степен може да се посвети. Можете и да ги прашате посветениците како е најдобро да се започне.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации