Календар

Август
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
30
31
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 531

Харе Кришна
Маха - Мантра

Зошто се кравите свети?

Според Ведите, кравата ја претставува земјата, додека бикот е симбол на религиските принципи. Самиот Господ Кришна кога дојде на овој свет исто така покажа со сопствен пример колку ги сака кравите и колку Му е битно правилно да бидат заштитени... Кога бикот и кравата се задоволни се смета дека исто така сите луѓе на светот се задоволни. Бикот помага во производството на житарките, а кравата дава млеко и толку многу разни млечни производи. На тој начин човечката заедница економски се развива и во така едноставниот живот човек не би требало да има никакви економски проблеми.

Целта на заштитата на кравите е мирот на човештвото. Ужасно грешниот чин на убивање на кравите е причина за сите видови невољи. Поради тоа што кравата нѐ храни со своето млеко во Ведската заедница се смета за една од нашите мајки. Ведите кажуваат дека има 7 личности во овој свет кои треба да ги почитуваме како свои мајки... Една од нив е кравата, додека останатите се - сопствената биолошка мајка, мајката Земја, мајката на духовниот учител итн... Затоа, убивањето на кравите се смета за голем грев, бидејки тоа е како да ја убивате својата сопствена мајка... Денес луѓето ни самите не се свесни што прават во името на економскиот развој. Со воспоставувањето на заштита на кравите ќе се избавиме од еколошките и социјалните проблеми, а исто така ќе ни помогне да креираме духовна и мирна земја за иднината.

Шрила Прабхупада рече: „Сакаме да го спречиме одржувањето на кланиците. Тоа е многу грешна активност. Во Европа се водат толку многу војни. Секој 10-15 години таму има голема војна, крвопролевање на целото човештво. Овие управители на општеството тоа не го гледаат. Но реакцијата е неизоставна. Природата ќе се освети.”

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации