Календар

Април
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 531

Харе Кришна
Маха - Мантра

Активности

Духовна Пракса
Храмски Активности
Јавни Активности

 

Мантрање Харе Кришна

Секој може да ја мантра маха-мантрата, Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе / Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе. Оваа мантра содржи само три збора: „Харе“, кое се однесува на енергијата на Господ; „Кришна“, кое е изворното име на Господ и кое укажува на Неговиот семоќен и сепривлечен облик; и „Рама“, друго име на Господ кое значи „живеалиште на сето задоволство“. За да започнете, сè што треба е едноставно, повторно и повторно, да ги изговарате овие имиња, или пак ако сакате можете и да ги пеете со мелодија која најмногу ви одговара. Не постојат никакви строги правила за мантрање на светото име, но обидете се јасно да го изговарате името и додека мантрате, да го слушате.

Вака најбрзо ќе го достигнете посакуваниот резултат. Можете да мантрате онолку долго колку што сакате. Колку подолго мантрате и колку повеќе слушате, толку повеќе ќе го почувствувате духовниот ефект на мантрата која го чисти огледалото на свесноста од условеноста која од памтивек нè држи заплеткани во материјалната природа.

За себе, можете да мантрате брзо и тивко. Кога мантрате за себе ја изговарате мантрата непрекинато, повторно и повторно. Овој вид на мантрање се нарекува џапа и можете лесно да го изведувате со или без бројаница. Кога мантрате на бројаница, на секое зрно од бројаницата по еднаш ја изговарате маха-мантрата. Држете ја бројаницата во вашата десна рака, помеѓу палецот и средниот прст, кажете ја целата маха-мантра на првото зрно и потоа повторете го истото на следното зрно од бројаницата. На бројаницата има 108 зрна и едно главно (најголемо) зрно кое ви покажува кога сте измантрале на сите 108 зрна. На големото зрно не се мантра. Кога сте измантрале 108 зрна, сте завршиле еден „круг“. Секојдневно, посветениците мантраат минимум 16 вакви круга.

Обично за 16 круга потребни се околу два часа и најдобро е да се мантра рано наутро кога атмосферата е спокојна и погодна за духовен напредок.

 

Нудење на Храна (Прасадам)

Многу е лесно да му се понуди храна на Господ. Кога ќе ја понудите храната, таа станува прасадам кој духовно издигнува и прочистува и е ослободен од кармичките последици кои обично ги добиваме јадејќи ги телата на другите живи суштества. На Господ не можете да му понудите месо, риба или јајца. Ова се нешта кои Тој не ги прифаќа. Ве молиме потполно избегнувајте кромид и лук, бидејќи се наоѓаат во одликите на страст и незнаење. Треба да се нуди храна во одликата на доброст како житарки, млечни продукти, зеленчук, овошје и тврдо овошје како лешници, ореви, бадеми, кикирики итн. Достапни се безброј рецепти во куварите издадени од посветениците на ISKCON и Bhaktivedanta Book Trust.

Овие кувари можете да ги нарачате и да се научите да ги готвите овие древни рецепти, стари неколку илјади години, и брзо да стекнете големи резултати. Човек мора да готви во чиста околина, со колку е можно, помалку надворешно вознемирување. Осигурајте се дека вашето домашно милениче не е во кујната додека готвите или нудите. Ве молиме не ја пробувајте храната додека готвите; готвите за Господ и сакате прво Тој да ужива во јадењето.
Откако ќе ги завршите јадењата, од секое од нив ставете по еден дел во нови чинии и чаши, кои сте ги купиле само за таа намена. Однесете ги пред вашиот олтар и ставете ги пред слика на Господ. Подоцна, откако ќе го понудите јадењето (јадењето се нуди 15мин.), измијте ги убаво садовите кои подоцна повторно ќе ви требаат за истата постапка.    

Многу лесно можете да направите олтар. Сè што ви треба се слики на Господ Кришна, Панча-татва (облиците на Господ Чаитанја и Неговите четири експанзии) и слика на Шрила Прабхупада.

Поклонете се пред олтарот, потоа станете и некое време пејте ја Харе Кришна мантрата. Откако ќе се навикнете на процесот на нудење храна, можеби ќе посакате да ги изговарате мантрите кои се специјално наменети за нудење храна. Има три мантри за медитација на Шрила Прабхупада, Господ Чаитанја и Господ Кришна. Овие мантри можете да ги кажувате и додека оддавате почит. Мантрите се следниве:

nama om vishnu-padaya
krishna-preshthaya bhu-tale
shrimate bhaktivedanta-
svamin iti namine
namas te sarasvate deve
gaura-vani-pracharine
nirvishesha-shunyavadi-
pashcatya-desha-tarine

Ја оддавам својата понизна почит на Неговата Божествена Милост А.Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада, кој му е многу драг на Господ Кришна бидејќи зема засолниште кај Неговите лотосови стапала. Мојата понизна почит ти ја оддавам тебе, о духовен учителу, слуго на Сарасвати Госвами. Ти љубезно ја проповедаш пораката на Господ Чаитанјадева и ги избавуваш западните земји кои се преполни со имперсонализам и воидизам.

namo maha-vadanyaya krishna-prema-pradaya te
krishnaya krishna-chaitanya-namne gaura-tvise namah

О највеликодушна инкарнацијо! Ти си лично Кришна кој се појави како Шри Кришна Чаитанја Махапрабху. Ти го поприми златниот тен на Шримати Радхарани и насекаде делиш чиста љубов за Кришна. Ти ја оддавам својата почит.

namo brahmanya-devaya go-brahmana-hitaya ca
jagat-hitaya krishnaya govindaya namonamah

Ја оддавам својата почит на Врховната Апсолутна Вистина, Кришна, кој е добронамерник на кравите и брахманите, како и на сите живи суштества. Повторно и повторно му ја оддавам својата почит на Говинда, кој е извор на задоволство за сите сетила.

Кога ќе завршите со изговарање на овие мантри, земете ги садовите назад во кујната, вратете ја храната (која сега е прасадам) во садовите во кои готвевте и измијте ги садовите во кои ја нудевте храната. Потоа, разделете ја храната на вашето семејство или пријатели и уживајте во трансценденталниот вкус на прасадамот, храна својствена за духовниот свет.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации