Календар

Октомври
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
24
25
26
27
28
29
30
31
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 531

Харе Кришна
Маха - Мантра

Историја

Во светот

Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ISKCON), општо познато на Запад како движењето Харе Кришна, е монотеистичка гранка од традицијата на Гаудија Ваишнавизмот која потекнува од самиот Господ Кришна-Севишната Божја Личност, која пред 5000 год. се појавила на земјата и ја изговорила „Бхагавад-Гита”. Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ISKCON) ги следи учењата на Господ Кришна онака како што се разоткриени во светите Веди, вклучувајќи ги „Бхагавад-Гита” и „Шримад- Бхагаватам” (познат како Бхагавата Пурана). Меѓу неколкуте процеси на посветено служење, најважната практика вклучува мантрање и пеење на Божјите свети имиња, со цел да донесе вечна среќа и мир во општеството, разоткривајќи го нашиот вечен однос со Бога.

Пред 525 години господ Кришна се појавил како Шри Чаитанја Махапрабху, кој играл улога на посветеник со цел да го воспостави заедничкото пеење на Божјите свети имиња, санкиртана, како најлесна и највозвишена духовна пракса за ова време. Шри Чаитанја Махапрабху го популаризирал пеењето на маха-мантрата, составена од светите имиња на Бога:

 

Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе

Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе

Во 1965-та год. истакнатиот емисар на духовните учења на Индија, Неговата Божествена Милост А.Ч Бхактиведанта Свами Прабхупада (1896-1977) го донесе движењето на Шри Чаитанја на Запад и постави темел на ISKCON во Њу Јорк, во навидум скромни околности. Накратко ќе ја наведеме историјата на ISKCON.

- Во 1965-та год. на возраст од 69 години и по наредба на својот духовен учител, А.Ч Бхактиведанта Свами Прабхупада ја напушта светата земја Вриндавана, Индија, за да ја рашири пораката на Господ Кришна на Запад. Со товарен брод пристига во Бостон, со себе носејќи само 7$ и ковчег со книги за Кришна. Првата година се бореше сам, организирајќи говори во јога центри и уметнички галерии, а притоа живееше во домовите на луѓе кои ја поддржуваа неговата цел и му даваа привремено да престојува кај нив. Често ќе земеше мал тапан и ќе седнеше под некое дрво во градскиот парк за да ги пее имињата на Кришна. Љубопитните набљудувачи ќе се собереа. Некои се придружуваа во пеењето, а некои почнаа активно да земаат учество во неговата мисија.

- Во 1966-та год. Шрила Прабхупада живееше во Њу Јорк, во сиромашниот дел од Менхетен познат како Lower East Side и почна еднаш неделно да дава лекции на „Бхагавад-Гита” и во Tompkins Square Park да изведува јавно пеење (киртан). Истата година, во Њу Јорк го основа ISKCON, предвидувајќи дека наскоро ќе има ISKCON центри ширум светот.

- Од 1966-та до 1968-ма год. сé повеќе духовни трагачи стануваа привлечени од свесноста за Кришна и затоа тој отвори ISKCON храмови во Њу Јорк, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Монтреал и Санта Фе во Ново Мексико.

- Во 1967-ма год. во Сан Франциско беше одржан првиот Ратха-јатра фестивал надвор од Индија. Ратха-јатра е еден од најстарите и најголеми годишни религиозни фестивали во светот, кој секоја година се изведува во светиот град Џаганатх Пури, на источниот брег од Индија. Неколку милиони луѓе се редат по улиците за да ги влечат огромните, на три ката, кочии кои ги носат облиците на Господ Кришна по улиците, придружени од весело пеење на Неговите свети имиња. Сега, овој фестивал се одржува од членовите на ISKCON во градовите ширум светот.

- Од 1969-та до 1973-та ISKCON ги изгради своите главни центри во светите места на аџилак Мајапур и Вриндавана, Индија, и изгради еден голем храм во Мумбаи.

- Во 1972-ра, Шрила Прабхупада ја основаше издавачката куќа Bhaktivedanta Book Trust (BBT), која сега е најголем светски издавач на книги за свесноста за Кришна, или за бхакти-јога. Од 1966-та до 1977-ма, Шрила Прабхупада преведе од санскрит на англиски јазик повеќе од 40 томови на големите класици од книжевноста за свесноста за Кришна, притоа давајќи детални објаснувања кои претставуваат спој од сознанијата на предходните учители и од неговите. Во овие книги спаѓаат „Бхагавад-Гита каква што е” - конечната претстава на учењата на Господ Кришна, „Шримад-Бхагаватам” (Бхагавата Пурана) - 18 томска историја на инкарнациите, забавите и посветениците на Господ Кришна, и „Шри Чаитанја-Чаритамрита” - 9 томска биографија на животот на Шри Чаитанја Махапрабху и неговите учења. Овие книги се издадени од ВВТ на повеќе од 50 јазици, од кои на македонски јазик е достапна „Бхагавад-Гита каква што е” додека сеуште се работи на преводот на останатите. Досега од овие книги се продадени милиони копии ширум светот од страна на членовите на ISKCON.

- Во 1973-та, беше оформен институтот Бхактиведанта со цел да ги промовира учењата на Ведите од научна гледна точка.

- Во 1974-та, ISKCON Food for Life эапочна со своите програми на дистрибуирање вегетаријанска (лишена од карма) храна во области и градови ширум светот погодени од елементарни непогоди, болести итн.

- Во Ноември 1977-ма година, Шрила Прабхупада эамина од овој свет. Дотогаш ISKCON воспостави повеќе од 108 храмови, центри, училишта, эемјоделски эаедници, со повеќе од 10 000 иницирани членови.

- Во 1989-та година, Харе Кришна движењето иэлеэе од подэемјето на Советскоит Сојуэ. До 1991 одина повеќе од милион копии на Прабхупадовата „Бхагавад-гита каква што е” беа продадени во бившиот Советски Сојуэ.

- Во раните '90-ти, беа пуштени раэни веб проекти, вклучувајќи ги Krishna.com, ISKCON.com и други Харе Кришна веб-страни.

- Денес, ISKCON има околу 500 центри ширум светот, со эаедница која брои стотици илјади луѓе, од сите видови професии.

Иако „свесноста эа Кришна” традиционално доаѓа од Гаудија Ваишнавиэмот, кои многумина го сметаат эа хиндуиэам, сепак таа се однесува на вечното эанимање на душата, санатана дхарма. Како таква, ги трансцендира ограничувањата на материјалните тела и нивите именувања.


Секој секаде може да ја практикува свесноста эа Кришна и да стане фан или член на ISKCON. Не треба да ја смените вашата религија эа да ги прифатите практиките на свесноста эа Кришна, како што е пеењето и мантрањето на Божјите имиња.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации