Календар

Април
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 531

Харе Кришна
Маха - Мантра

Строфа на месецот

 

Шримад Бхагаватам 11.5.10

 

sarveṣu śaśvat tanu-bhṛtsv avasthitaḿ
yathā kham ātmānam abhīṣṭam īśvaram
vedopagītaḿ ca na śṛṇvate 'budhā
mano-rathānāḿ pravadanti vārtayā

 

sarveṣu – во сè; śaśvat – вечно; tanu-bhṛtsu – втеловените живи суштества; avasthitam – ситуирани; yathā – само како; kham – небото; ātmānam – Врховната Душа; abhīṣṭam – најобожуван; īśvaram – врховниот контролор; veda-upagītam – славен од Ведите; ca – исто така; na śṛṇvate – тие не слушаат; abudhāḥ – неинтелигентни личности; manaḥ-rathānām – со каприциозни задоволства; pravadanti – и понатаму дискутираат; vārtayā – темите.

 

Превод

Божјата Личност вечно е ситуирана во срцето на секое втеловено живо суштество; сепак Бог постои одделно, исто како што небото, кое е сепроникнувачко, не се меша со било кој материјален предмет. Така, Господ е главниот предмет за обожување и апсолутниот контролор на сè што постои. Тој е нашироко славен во ведската литература, но неинтелигентните не сакаат да слушаат за Него. Тие претпочитаат да си го губат времето дискутирајќи за сопствените умствени измислици, кои неизбежно се занимаваат со грубото задоволување на материјалните сетила како што е сексуалниот живот или јадењето месо.

 

Толкување


Во „Бхагавад-гита“ (15.15), Господ Кришна вели: vedaiç ca sarvair aham eva vedyaù. Целта на сето ведско знаење е да се спознае Бог, кој е Апсолутната Вистина. Иако оваа цел на Ведите е јасно разоткриена во самата ведска литература како и од самоспознаените ачарји, будалестите луѓе не можат да ја разберат оваа едноставна вистина. Тие повеќе сакаат да култивираат знаење за незаконит секс, дискутирајќи за нивните сексуални партнери или искуства. Тие исто така со жар ги опишуваат и им ги препорачуваат на своите пријатели најдобрите ресторани за јадење месо и склони се да ги слават дрогите и алкохолот, опширно опишувајќи ги опивачките и халуциногените ефекти од нивните грешни искуства. Материјалистите кои трагаат по задоволување на сетилата со ентузијазам се јавуваат еден на друг, се собираат во клубови и одбори и ентузијастично одат на лов, пиење и коцкање, така исполнувајќи си го животот со гуната на незнаењето. Немаат ниту време ниту наклонетост да зборуваат за Апсолутната Вистина, Кришна. За жал, го занемаруваат Врховниот Бог, кој поради тоа строго ги казнува таквите будалести личности со цел повторно да ги вразуми. Сè му припаѓа на Бога и сè е наменето за Негово задоволство. Кога живото суштество ги приспособува своите активности за задоволство на Бога искусува неограничена среќа. Yena sattvaà çuddhyed yasmäd brahma-saukhyaà tv anantam (ШБ 5.5.1). Всушност нема никаква среќа во материјалните работи и Господ милостиво ја казнува опиената условена душа за да ја врати назад во нејзиниот вистински живот.
За несреќа, материјалистите не обрнуваат внимание на советот на Севишниот Бог во „Бхагавад-гита“ или на Неговите претставници, кои говорат во слични текстови како што е „Шримад-Бхагаватам“. Наместо тоа, задоволувачите на сетилата се сметаат себе за најелоквентни и најучени. Секој материјалист смета дека тој е најинтелигентен и заради тоа нема време да ја чуе правата вистина. Сепак, Севишната Божја Личност, како што е опишано во оваа строфа, трпеливо чека во срцето на условената душа, охрабрувајќи ја да го препознае Бога, кој седи покрај неа. Таквото препознавање на Севишната Божја Личност е почетокот на сите поволности и среќа за условената душа.

 

„Строфа на месецот” еднаш месечно ја подготвува Мурари Гупта Дас и се состои од една одбрана строфа од нашите свети списи, а на чија содржина, эначење или эвук можете да медитирате эа време на иэведувањето на Вашите духовни активности.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации