Календар

Октомври
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
24
25
26
27
28
29
30
31
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 531

Харе Кришна
Маха - Мантра

Традиција

Учење

Меѓународното друштво за свесноста за Кришна (ISKCON) е светска заедница на посветеници кои практикуваат бхакти-јога, вечната наука на посветеното служење на Бог со љубов. Друштвото е основано во 1966 год. од Неговата Божествена Милост А.Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада, чист посветеник на Бог кој го претставува трансценденталното знаење на ученичкото наследство кое потекнува лично од Севишната Божја Личност Шри Кришна. По прв пат ова трансцендентално знаење Господ Кришна му го пренел на Брахма, првосоздаденото суштество во оваа вселена - преку кое Господ Кришна ја создава сета разновидност во вселената. Намената на ова трансцендентално знаење е да ги поучи сите живи суштества кои живеат во материјалниот свет дека по својата природа се вечни делчиња на Севишната Божја Личност и дека нивната вистинска намена е вечно да го служат Севишниот Господ со чиста љубов, лишена од сите себични мотиви за свое сетилно уживање.
Следниве 8 начела се основата на движењето за свесноста за Кришна и во нив накратко е опишано ова трансцендентално знаење.

1. Уште во овој живот ако искрено ја проучуваме духовната наука, можеме да се ослободиме од сета вознемиреност и да достигнеме состојба на чиста, бескрајна и блажена свесност.
2. Ние не сме нашите материјални тела, туку вечни духовни души, делчиња на Бог (Кришна). Како такви, сите меѓусебно сме браќа и сестри, а конечно Кришна е нашиот заеднички татко.
3. Кришна е вечната, сезнаечка, сеприсутна, семоќна и сепривлечна Божја Личност и преку Својата материјална енергија ја одржува целата вселенска пројава.
4. Апсолутната Вистина е опишана во сите свети списи на светот. Меѓутоа, најстарите разоткриени списи за кои човештвото знае се ведските списи, особено „Бхагавад-гита“, која се содржи од личните зборови на Господ Кришна.
5. Ведското знаење треба да се научи од веродостоен духовен учител - оној кој е лишен од сите себични мотиви и чиј ум е потполно сосредоточен на Кришна.
6. Пред да јадеме, треба да му ја понудиме храната која нè одржува во живот на Господ. Така Кришна ја проникнува понудата и нè прочистува.
7. Сите свои активности треба да ги извршуваме како понуди за Кришна, т.е. за Негово задоволство, а не за свое сетилно задоволување.
8. Препорачаниот начин за достигнување зрело ниво на љубов кон Бог во денешново време на кавгите, времето Кали, е пеењето на светите имиња на Господ. За повеќето луѓе најлесниот метод е пеењето на Харе Кришна мантрата:
Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе
Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе

Трансценденталното знаење се состои од три дела:
1. знаење за нашиот вечен однос со Бог и за нашиот привремен однос со материјалната природа.
- Ние, живите суштества во материјалниот свет, по својата вечна природа сме духовни души, делчиња на Севишниот Господ, кои поради нашата желба да уживаме одвоено од Севишниот Господ, лишени од секаков однос со Него, сме присилени да живееме во материјални тела кои се подложни на раѓање, старост, болест и смрт. Овие тела се креација на Господовата материјална енергија, кои Тој милостиво ни ги подарува за да можеме да си ги оствариме нашите себични желби. Кога условеното живо суштество ќе се засити од својот сепаратистички начин на живот, т.е. кога ќе се исфрустира од својот материјален живот, тогаш започнува со потрагата по својот вечен добронамерник, Севишната Божја Личност, кој во неговиот живот се појавува во облик на светите списи, духовниот учител и друштвото на други духовни практиканти, кои му помагаат да го воспостави својот вечен однос со Господ, заснован на чиста, несебична љубов која се пројавува преку чистото посветено служење на Господ или бхакти-јога.

2. знаење за методот (бхакти-јога) преку кој живото суштество ќе може да го воспостави својот однос со Бог.
- бхакти значи девоција, посветеност, а јога, поврзување. Всушност бхакти-јога значи поврзување со Севишниот Бог преку личен однос заснован на чиста, несебична љубов. Бхакти-јога е единствениот метод преку кој живото суштество може да го задоволи Севишниот Бог и така да ја предизвика Неговата милост која ќе му овозможи да го осознае Бог и да се врати во Неговото вечно царство. Бхакти-јога е метод кој ја поседува моќта да ја разбуди заспаната љубов спрема Бог, која во латентна состојба се наоѓа во секое живо суштество. Единствениот предуслов потребен да се стане практикант на бхакти-јога е самопредавање на лотосовите стапала на веродостоен духовен учител, кој е совршен слуга на Бог.
Бхакти-јога се состои од 9 процеси: 1.слушање на светото име на Бог и слушање на знаењето за Бог и за Неговите активности, одлики, облик и сето она што Го опкружува.
2. пеење или рецитирање на горенаведениве Божји атрибути.
3. сеќавање на горенаведениве Божји атрибути.
4. обожување на Божество на Господ.
5. упатување молитви на Господ.
6. служење на лотосовите стапала на Господ.
7. постанување Божји слуга.
8. воспоставување пријателски однос со Господ.
9. потполно предавање на своето тело, ум, зборови и сè што поседуваме на Господ.

3. достигнување на крајната цел на бхакти-јога, т.е. чистата љубов кон Бог во еден од петте постоечки односи.
- Чистата љубов кон Бог главно се пројавува во следниве пет облици, чиј изопачен одраз може да се најде и во материјалниот свет.
1. неутрална љубов (воодушевување на Божјите атрибути, без лично залагање за лично служење на Бог).
2. љубов меѓу слуга и Господар.
3. пријателска љубов.
4. родителска љубов.
5. брачна љубов.

Господ е изворот на сè што постои, па така од него потекнуваат и сите видови љубов. Во материјалниот свет љубовта е изопачен одраз на чистата, духовна љубов која вечните Господови придружници ја разменуваат со Него во Божјето царство. Таа е изопачена бидејќи е заснована на помамност, т.е. оној кој ја поседува оваа помамност сака да ужива во предметот на својата помамност, додека оној кој поседува чиста, духовна љубов за Бог во секој миг од своето постоење бара најразлични начини како да го усреќи предметот на својата љубов, Бог, без да бара нешто за возврат. Бидејќи помеѓу саканиот и оној кој сака не постои разлика во нивните интереси, т.е. единствена цел на постоењето на оној кој сака е да ги задоволи желбите на својот сакан, така и блаженството кое предметот на љубовта го чувствува автоматски го чувствува и личноста која ја поседува љубовта. Тоа е вистинско духовно единство, а тоа е и филозофијата на Меѓународното друштво за свесноста за Кришна (ISKCON) позната како ачинтја-бхедабхеда-татва, т.е. истовремена различност и истоветност. Со други зборови, иако вечно сме засебни личности, делчиња на Бог, кога ќе достигнеме чиста љубов за Него, живееме во иста свесност со Него и така истовремено сме различни од Него (како Негови слуги), меѓутоа бидејќи уживаме во Неговата среќа и блаженство, истовремено нашата свесност е соединета со Неговата.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации