Календар

Јули
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
             

Неделен Програм

Воис Мастер курс

Харе Кришна
Маха - Мантра

Научен Доказ за Душата

Разговор со Неговата Божествена Милост А.Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада

Следниов разговор помеѓу Неговата Божествена Милост А.Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада и еден индијски доктор се случил во Септември 1973-та год. во Харе Кришна центарот во Лондон.

Доктор: Дали можете научно да докажете дека душата постои? Мислам дали е тоа само некакво верување или…

Шрила Прабхупада: Не, тоа е научен факт. Нашата наука е совршена бидејќи добиваме знаење од совршен извор, Кришна. А современата т.н. наука е несовршена бидејќи знаењето на научниците е добиено од несовршени извори. Колку и да сте голем научник, мора да признаете дека вашите сетила се несовршени.

Доктор: Да.

Шрила Прабхупада: Значи, несовршените сетила можат да ви дадат само несовршено знаење. Она што го нарекувате научно знаење е лажно бидејќи оние што го создале тоа знаење се несовршени. Како можете да очекувате совршено знаење од несовршена личност?

Доктор: Тука станува збор за степен на развој.

Шрила Прабхупада: Мојата поента е во тоа дека, ако сте неспособни да дадете совршено знаење, каква е користа да се прими знаење од вас?

Доктор: Да, го прифаќам ова сваќање. Но како можете да докажете дека душата постои?

Шрила Прабхупада: Ќе земете информација од совршен извор-Кришна, или претставник на Кришна. Тоа е нашиот процес на доказ. Evam parampara-praptam: „Трансценденталното знаење мора да се добие од ученичкото наследство”. Ние не прифаќаме знаење од никаквец; ние прифаќаме знаење од Кришна, Севишниот. Јас можеби сум никаквец, но бидејќи сум добил знаење од совршен извор и ако го повторувам тоа знаење, сѐ што ќе кажам е совршено. Детето можеби незнае многу нешта, но бидејќи од својот татко научило дека одреден предмет се нарекува „маса", кога ќе рече: „Тато, ова е маса", неговите зборови се совршени. На сличен начин, ако слушнеш нешто од совршена личност и поверуваш во тоа, тогаш твоето знаење е совршено. Кришна вели tatha dehantara-praptih: „По смртта душата влегува во друго материјално тело." Ние го прифаќаме тоа. Не ни е потребен доказ од некој т.н. научник, кој е несовршен.

Доктор: Значи, прво станува збор за верба.

Шрила Прабхупада: Тоа не е верба, тоа е факт.

Доктор: Да, но како ќе го докажете тој факт?

Шрила Прабхупада: Со самото тоа што Кришна го вели тоа, тоа е факт.

Доктор: (многу саркастично) „Тоа го рекол Кришна." Но…

Шрила Прабхупада: Тоа е нашиот ведски доказ. Кога и да кажеме нешто, ние веднаш цитираме од ведската книжевност за да го поддржиме тоа. Тоа е нашиот процес на доказ, кој е како доказот во судница. Кога адвокатот расправа во суд, тој мора да цитира од предходните судења. Потоа, неговиот доказ ќе биде прифатен од судијата како легален закон. На сличен начин, штом нешто ќе кажеме, ние веднаш го поддржуваме цитирајќи од ведската книжевност. Тоа е начинот на докажување во духовните теми. Инаку, за што се светите списи? Ако се само производ на умна шпекулација, каква е тогаш користа од овие книги?
Секако, ведската книжевност ја претставува Апсолутната Вистина со сета логика и аргументација. На пример, во „Бхагавад-гита" Кришна вели:

dehino ‘smin yatha dehe
kaumaram yauvanam jara
tatha dehantara-praptir
dhiras tatra na muhyati

„Душата го менува своето тело од детство во младост и од младост во старост. На сличен начин, во мигот на смртта, душата влегува во друго тело." Дали тука има нешто нелогично? Ова е научно. Ова е доказ за оној кој е интелигентен. А ако и покрај сѐ, сѐ уште остане будалест, тогаш што може друго да стори?

Доктор: Но душата е невидлива. Како можете да бидете сигурни дека постои?

Шрила Прабхупада: Само бидејќи нешто е невидливо не значи дека не може да знаеме дали постои. И суптилното тело составено од ум, интелигенција и лажно его е невидливо за тебе, но знаеш дека тоа постои. Ние имаме два вида тело: грубо тело составено од земја, вода, оган, воздух и етер, и суптилно тело составено од ум, интелигенција и лажно его. Ти можеш да го видиш телото од земја, вода итн., но можеш ли да го видиш суптилното тело? Можеш ли да го видиш умот? Можеш ли да ја видиш интелигецијата? А сепак секој знае дека имаш ум и дека јас имам ум.

Доктор: Знаеш, ова се апстрактни нешта.

Шрила Прабхупада: Не, не се апстрактни. Тие се суптилна материја, тоа е сѐ. Ти едноставно немаш очи да ги видиш.

Доктор: Па, сега имаме само три методи за проучување на интелигенцијата…

Шрила Прабхупада: Како било, прифаќаш дека суптилното тело постои дури и без да го видиш. Тоа ми е поентата. На сличен начин, душата постои иако ти неможеш да ја видиш. Душата е покриена со суптилното и грубото тело. Суптилното тело останува и ја носи душата на место каде повторно ќе може да порасне ново материјално тело прикладно за исполнување на желбите во нејзиниот ум.

Англиски гостин: Мислиш, суптилното тело и душата се исти?

Шрила Прабхупада: Не, душата се разликува од суптилното тело. Душата е посуптилна и од интелигенцијата. Овие нешта се објаснети во „Бхагавад-гита" (3.42):

indriyani parany ahur
indriyebhyah param manah
manasas tu para buddhir
yo buddheh paratas tu sah

Како прво имаме грубо сваќање, ние сме свесни само за сетилата и телото. Оние кои се како животни мислат дека сетилата се сѐ. Тие не можат да сватат дека сетилата се управувани од умот. Ако ви е умот изобличен, тогаш сетилата нема да ви функционираат; вие сте како лудак. Значи, управител на сетилата е умот. А над умот е интелигенцијата. А над интелигенцијата е душата.
Ние не можеме да ги видиме ни умот ни интелигенцијата, тогаш како можеме да ја видиме душата? Но душата постои има своја величина. А ако човек нема сваќање за духовната душа, тој не е подобар од животно бидејќи се поистоветува себе си со грубото и суптилно тело.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации