Календар

Ноември
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
4
5
6
7
9
10
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 532

Харе Кришна
Маха - Мантра

Месецот Пурушотама

16 Мај - 13 Јуни 2018

После три години повторно имаме огромна можност да го прославиме "Пурушотама Месецот" најповолниот месец, кој трае од 16 Мај до 13 Јуни.

Шастрите и нашите претходни Ачарји велат дека во овој месец треба да се прават само духовни активности. Тука споделуваме некои извадоци од една статија од Ом Вишнупада Бхактивинода Тхакура од списанието Гаудија од 14 јули 1928 и Шрила Бхактисидханта Сарасвати Тхакура.

Дознајте подолу како може да се одбележи овој НАЈСВЕТ месец!

СЛЕДЕТЕ ВРАТА (завет)!

,,О душо! Зошто си мрзлива во славењето на Хари во месецот Пурушотама? Овој месец е создаден од Самиот Господар на Голока, тој е врвот на сите месеци. Тој е дури подобар од многу побожниот Картик, Магха и Ваишакха месеците. Со посебни бхаџани, обожувај ги Шри Шри Радха и Кришна. На тој начин ќе добиеш сè.’’

КОГА СЕ ПОЈАВУВА ОВОЈ МЕСЕЦ?

Вообичаено има 12 месеци во една година. Во согласност со Варна и Ашрама, разни побожни активности што треба да се извршат се опишани за 12-те месеци. Кога 13-тиот месец ќе им се приклучи на 12-те месеци, станува збор за Адхимаса или месецот Кармахина, во кој ниту една кармичка активност во врска со побожноста не може да произведе резултати. Овој месец се појавува на секои три години.

ОПИСОТ НА ВРАТА (заветот) ВО ПУРАНИТЕ:

Во Бриханнарадија Пурана се опишува месецот Пурушотама. Адхимаса, шефот на сите месеци, тажен заради понижувачките идеи поврзани со него, му се приближи на Нарајана во Ваикунтха и му ја објасни својата ситуација. Нарајана го зеде Адхимаса заедно со Него кај Господ Кришна во Голока. Кришна, слушајќи ја тагата на Маламаса, преплавен од сочувство, го кажа следново. Кришна вели: ,, О, Господару на Рамаа Деви, на ист начин како што сум познат на светот како Пурушотама, оваа адхимаса, исто така, ќе биде позната во светот како Пурушотама. Сите мои квалитети се понудени на овој месец. Бидејќи е како мене, овој месец ќе биде шеф на сите месеци. Овој месец е обожуван и достоен да биде пофален со молитви. Сите други месеци се сакама, исполнети со материјални желби. Овој месец е нишкама, без материјални желби. Без разлика дали некој е акама, без какви било материјални желби или сакама, со материјални желби, ако тој го обожува овој месец, тогаш сите негови кармички реакции се уништуваат и тој ќе ме достигне Мене. Моите приврзаници понекогаш прават навреди, но во овој месец нема да има навреди. Во овој месец, сите оние луѓе кои се будалести и не мантраат, оние кои не вршат активности за вечна добробит и кои не се бањаат итн., и оние кои се навредливи кон жените, светите места и брахманите, сите овие зли, злобни, несреќни луѓе, кои живеат од богатството на другите, нема да достигнат среќа дури ни во своите соништа. Во овој месец Пурушотама, оние кои Го обожуваат со бхакти, љубов и посветеност, постигнуваат богатство, синови и сл. Уживаат среќа и на крај стануваат жители на Голока."

КАКО ДА СЕ СЛЕДИ ВРАТА (заветот) ?:

Служи го Господ Пурушотама со голема внимателност. Оваа служба за Пурушотама е најголемата Садана и најголемиот дарител на резултати. Рецитирајте мантри, како што е мантрата Говардханадрам (govardhanadharam vande gopālam goparupiṇam gokulotsavamīşānam govindam gopikāpriyam) со бхакти и ќе Го достигнете Пурушотама дева. Медитирајте на Радха, заедно со Кришна, кој е со боја на свеж дождовен облак, со двете раце држејќи ја Мурали флејтата, облечен во жолта облека. Треба да се следи Врата на начин на кој се следи Дамодара Врата, нудејќи ламби за задоволството на Пурушотама, или со гхи, или ако тоа не може да си го дозволите, тогаш со масло од сусам. Ќе треба да се бањате пред брахмамухурта (ако е можно), потоа се изведува ачамана и се нанесува тилака, шанкха и чакра со Гопичандана. Изведувањето на пуџа за Радха и Кришна треба да се направи во овој месец. Пурушотама Шри Кришна е главен господар на овој месец. Постојат дополнителни служби кои може да се направат, како што се нудење 16 предмети за обожување на Шри Кришна, рано бањање итн. Слушање Шримад Бхагаватам со бхакти. Обожување на Шалаграма Шила. Во оној кој ја следи оваа Врата, живеат сите свети места и девати. Службата кон ваишнавите е од голема важност во текот на овој месец.

Оние што вообичаено се занимаваат 100 проценти од времето цо бхагавата-дхарма треба, во месецот Пурушотама, едногласно да се вклучат во посветеноста, да земаат шри-бхагаватпрасада според правилата, и согласно со целта на поединецот, да се вклучат во Хари-шравана-киртана.

Има и други процеси и правила за следење на Вратата за оние кои не се вклучени 100 проценти во службата со посветеност. Некои луѓе земаат само Хавишјана во текот на овој месец. Сута Госвами вели: за да се избегне несреќа, следете ја оваа Врата.

Почетниот лунарен ден е Амавасија на почетокот на месецот, а крајниот ден е Кришнапакша Чатурдаши на крајот од месецот.

Се надевам дека ќе го искористите овој месец Пурушотама и ќе ја зголемите вашата духовна свесност и ќе направите многу служба за Господ Чаитанја и Шрила Прабхупада.

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации