Календар

Август
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
30
31
             

Саботен Програм

Воис Мастер курс

Календар

Гаурабда 531

Харе Кришна
Маха - Мантра

Капка Мудрост

Златните скалила на Бхакти

Еднаш, еден просјак му рекол на кралот: „Те молам покажи ми го твоето элато." Кралот одговорил: „Ги гледаш ли оние скали таму? Искачи се по нив, отвори ја вратата и погледни внатре, тоа е кралската риэница. Таму е се направено од элато." Просјакот направил како што му кажал кралот, се искачил по скалите, погледнал внатре и ја видел блескавоста на сјајот којшто эрачел од сето элато во риэницата, а кога погледнал наэад видел дека скалите кои ги користел эа да се искачи до риэницата не биле обични скали, туку и тие биле целите направеии од элато. Така и ние во Бхакти-јога силно веруваме во практикување на духовни процеси, коишто эа воэврат ни даваат поэнание на Кришна, и додека практикуваме можеби не сме секогаш потполно свесни эа Кришна, но кога го гледаме Кришна сфаќаме дека цело време сме биле со Кришна но не сме Го препоэнавале.

Поентата во Бхакти-јога е дека патот е во исто време и целта. Во тоа мислам дека се состои и раэликата од другите јога системи. Во другите системи на јога правиме многу нешта эа да дојдеме во состојба на јога, со надеж да го почувствуваме текот на „праната" така што ние повеќе не ја правиме вежбата туку дека „праната" ја прави вежбата, а ние сме эадвижени од эдивот кој влегува и эдивот кој

иэлегува - эдивот на универэумот. Тоа се обидуваме да го постигнеме вежбајќи „асани" и вежби эа дишење - „пранајама". Се обидуваме да се искачиме по скалилата эа да стигнеме до покривот. Но, во Бхакти-јога, скалилата се и покривот, тоа е големата раэлика.

(Интервју со Неговата Светост Сачинандана Свами)

 

Капка Мудрост

Како се добива следното тело

О кралу, еднаш оса присили послаб инсект да влезе во нејзината кошница и таму го чуваше затворен. Поради голем страв, послабиот инсект постојано мислеше на осата и без да го напушти телото, постепено достигна иста ментална состојба на постоење како осата. Така, во зависност од неговата постојана сосредоточеност, човек достигнува состојба на постоење.
Всушност, со постојана медитација на одреден предмет, свесноста на оној кој медитира станува исполнета со одликите на предметот на својата медитација. Поради голем страв, помалиот инсект бил задлабочен во карактеристиките и активностите на големата оса и така навлегол во постоењето на осата. Поради таа медитација, во следниот живот добил тело на оса.

(ШБ 11.9.23 толкување)

 

Капка Мудрост

Украсите на луѓето од денешницата

Ти си толку голем никаквец, толку завиден, секогаш другите ги ставаш во тескоба и им задаваш болка. Многу си себичен во поглед на својот углед, слава и среќа. Не постои грешно дело кое не би го сторил, немилосрден си и себичен. Напредокот на другите ти задава болка. Ти си голем лажго, сè што ќе кажеш е лага. Среќен си кога ги ставаш другите во неволја и велиш: супер, супер.
Толку многу материјални желби живеат во твоето срце. Се лутиш за ништо, многу си горд: Јас сум голем, има ли некој поголем од мене? Во денешново време, мерило за успех е гордоста. Секој мисли: јас сум голем. Тогаш ќе дојде некој друг и вели: Што? Ти си голем? Јас сум поголем! Тогаш настанува кавга и борба. Така се расправаат соседите, се борат државите, нациите. Тоа постојано се случува. Ова се украсите на луѓето од денешново време. Постојано сме надуени и вообразени, премногу опиени од желби за материјално задоволство.
Кога ќе видиме дека некој е поквалификуван од нас стануваме завидни. Кога ќе сретнеме некој кој е помалку квалификуван од нас го исмеваме. Кога ќе најдеме некој рамен на нас стануваме горди на нашите постигнувања. Ова се причините на сите материјални тескоби.

За да се смени лицето на денешницата потребно е да делуваме на следниов начин:
Треба да бидеме многу задоволни кога ќе сретнеме некој повеќе квалификуван од нас. Треба да бидеме милостиви кон оној кој е помалку квалификуван од нас, а со оние кои се рамни на нас треба да станеме пријатели. Ако не делуваме вака постојано ќе страдаме.

(извадок од „Да се биде попонизен од тревка на улица“

од Шрила Гаура Говинда Свами)

 

Капка Мудрост

Недостатокот се наоѓа во нас

Шрила Бхактисидханта Сарасвати Тхакура вели:

„Најдобриот од сите луѓе се смета себе си за побезначаен од другите. Зошто човек би бил желен да го пика својот нос во туѓите недостатоци кога не се труди внимателно да го испита своето лично однесување? Дури ни мудрите не можат да ги сфатат делата и изразите на чистите посветеници на Господ Кришна. Не треба да бидеме заведени од надворешниот изглед. Многумина погрешно мислеле за каменот дека е бисер, змијата дека е јаже и злото дека е добро, бидејќи станале жртва на заблудата предизвикана од надворешниот изглед. Кога недостатоците на другите ќе ве заведат или ќе ве стават во заблуда, треба да имате трпение, да станете интроспективни и да ги пронајдете вашите недостатоци. Знајте дека никој не може да ве повреди, ако не се повредите самите себе си.“  

(Учењата на Шри Чаитанја)

 

Капка Мудрост

Иглата и Ситото

Шрила Гаура Говинда Свами (еден од духовните учители во ISKCON) еднаш рече:

„Ситото има илјадници дупки на себе, а ја критикува иглата: ,Еј игло, имаш дупка одзади.‘ “

„Дали си самиот совршен? Ако не си, тогаш зошто наоѓаш грешки кај другите? Светците велат дека не треба да го гледаме лошото кај другите, туку треба да го видиме лошото кај себе. Ако имаме склоност да го гледаме лошото, тогаш ајде да видиме што е лошо кај нас. А кај другите треба да го гледаме само доброто.“

„Ако видите нешто добро кај некого, тогаш прифатете го само тоа. Помислете: ,Да, тоа е добро кај него. Ајде да го прифатам тоа.‘ Затворете ги очите за лошите нешта, а отворете ги за добрите. Совршените посветеници на Бога никогаш не гледаат нешто лошо. Во нивната визија сè е поврзано со Севишната Божја Личност Кришна. Зборувањето лошо за другите е голема нечистотија во срцето на оној кој чекори по патот на осознавањето на Бога.“

(извадок од „Шри Гуру Ванданам“

од Шрила Гаура Говинда Свами)


Капка Мудрост

Гауранга ги Обожува Посветениците

Во оваа забава, Господ Гауранга разоткрива како да го ослободиме срцето од завист, што претставува основната причина за навредување на другите. Секогаш понизно служете ги посветениците и сметајте се себе си за слуга на слугата на слугите на Господ. (Господ Гауранга или Господ Чаитанја е Господ Кришна кој пред околу 500 години се појавил како Свој посветеник со цел да ги поучи условените души во материјалниот свет како посветено да Го служат и така да го развијат својот вечен однос со Него).

Кога, по добивањето иницијација од Ишвара Пури во Гаја, Господ Чаитанја се врати во Мајапур, Тој беше сосема поинаква личност. Повеќе не беше вообразен и горделив на Својата ученост. Сега, бидејќи вкусуваше љубов за Кришна, Господ Чаитанја покажа искрена понизност и почит кон сите. Гледајќи ја преобразбата на Господ, Адваита Ачарја, Шриваса Тхакура и останатите постари посветеници на Господ беа многу задоволни и Му ги дадоа своите благослови: „да достигнеш чиста посветеност кон Кришна.“

Господ Чаитанја одговори: „Бидејќи сте посветеници на Кришна имате моќ било кому да го дадете дарот на посветеноста. Оној кој ве служи сигурно ќе достигне посветеност за Кришна, бидејќи Кришна е милостив кон оној кој ги служи Неговите посветеници.“ Откако го кажа ова, Господ почна понизно, весело и ентузијастично да ги служи сите посветеници.

Господ Чаитанја ја изми нивната облека и ги здипли нивните дхотии (дхоти, машка облека). Склопувајќи ги Своите дланки, Господ Чаитанја им укажа почит на сите посветеници. Не му беше срам да служи. Сите посветеници, кои всушност беа Негови слуги, се обидуваа да Го сопрат велејќи: „Престани, што правиш, што правиш?“ Така, секој ден Господ Чаитанја делуваше како слуга на Своите слуги. Што сè не би направил Севишниот Господ за Своите слуги? Само за да ги служи Тој се одрекнува од Својата природа. Лично служејќи ги посветениците, Господ Чаитанја ги поучи сите на следнава вистина: оној кој сака да го обожува Господ Кришна, прво мора да го обожува Неговиот драг, свет слуга.

(Чаитанја-бхагавата)

 

Капка Мудрост

Следнава приказна од ваишнавската традиција ја илустрира неспоредливата вредност на светото име на Кришна.

Еднаш, ученикот го прашал својот гуру за тоа која е најголемата тајна во обожувањето на Севишниот Господ. Гуруто одговорил: „Најдоверлива тајна во обожувањето на Севишниот Господ е непрестајното мантрање на Неговите свети имиња – Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе!“

Откако заминал од кај својот гуру, ученикот сретнал некои перачи на облека кои, додека ја протривале облеката, пееле Харе Кришна. Потоа слушнал и некои мали девојчиња како пеат Харе Кришна додека собираат кравји измет. Кога ученикот најмил рикша, цело време, стариот возач пеел Харе Кришна.

Кога го сретнал својот гуру, ученикот го искажал својот сомнеж во врска со Харе Кришна маха-мантрата: „Гурудева! Каква е оваа тајна што ми ја даде, која му е позната на секој перач на облека, на секој возач на рикша и на секое мало девојче во Индија? Зарем навистина ова е најдоверливата тајна во изведувањето на обожување на Севишниот Господ?“

Наместо долго објаснување, гуруто му дал на ученикот голем скапоцен камен и му рекол: „Покажи им го овој скапоцен камен на перачите на облека, на возачот на рикшата и на малите девојчиња и види дали тие ќе ја забележат неговата вредност.“ Потоа, ученикот им го покажал бесценетиот камен на неписмените перачи на облека, меѓутоа тие не можеле да ја забележат неговата вредност. Тие рекле дека со задоволство ќе го прифатат и ќе го искористат за перење на нивната валкана облека.Ученикот одбил да им го даде велејќи: „Треба да платите прикладна цена за него. Обичен камен или дрво се доволни за удирање на вашата валкана облека.“

Кога го видел скапоцениот камен, возачот на рикшата рекол: „Бидејќи е малку рапав, мислам дека е погоден за гребење на старата кожа од моите стапала.“ „Да не си полудел!“, рекол ученикот и отишол да им го покаже на селските девојчиња. Неуспевајќи да ја препознаат вистинската вредност на скапоцениот камен, девојчињата рекле: „Можеме да го искористиме при пакување на нашиот кравји измет (порано во Индија кравјиот измет се сушел и се употребувал за огрев и за готвење).“

Ученикот повторно се сретнал со својот гуру и му рекол: „Гурудева! Никој не сакаше да плати прикладна цена за скапоцениов камен. Ниту пак некој можеше да ја забележи неговата голема вредност.“

„Да, на ист начин“, рекол гуруто, „повеќето луѓе не можат да ја забележат вредноста на светото име. Поради оваа причина, тие се рамнодушни кон мантрањето Харе Кришна. Маха-мантрата Харе Кришна е јавна тајна која им се разоткрива само на квалификуваните. “

 

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации