Календар

Јули
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
             

Неделен Програм

Воис Мастер курс

Харе Кришна
Маха - Мантра

Индрадјумна Свами

Скопје 7-9.09.2012

Петок 7.09.2012

Пристигање во храмот во 12.00 на пладне со обраќање до гостите.

Концерт на отворено на Градски плоштад Македонија во 20:00.

Сабота 8.09.2012

Утрински храмски програм од 06:00. Во 09:00 утринско предавање и церемонија на иницијации.

Саботен програм од 17:30 со стандардниот распоред.

Недела 9.09.2012

Утрински храмски програм од 06:00. Во 09:00 утринско предавање.

Јавен програм 'Вечер со Индрадјумна Свами' во 20:00 поэади Спомен куќата на Мајка Тереэа

 

За Индрадјумна Свами:

Неговата Светост Индрадјумна Свами е ученик на А.Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада следејќи ја ученичката линија на Господ Чаитанја. Тој е патувачки проповедник, Санјаси (монах - одвоеник), духовен учител, водич и добронамерник на човештвото. За последните 35 години тој проповеда опширно и го има посветено својот живот во ширењето на пораката за љубов и мир низ целиот свет.
Тој е организатор на фестивали и програми во Јужна Африка, Русија и особено во Полска (фестивалот на Индија, како и Вудсток фестивалот) со цел да им помогне на стотици и илјадници луѓе да ги решат своите лични и социјални проблеми со примената на вредностите на древната ведска култура.
Некои од авантурите на Индрадјумна Свами во дистрибуција на духовната порака на љубовта и мирот ги вклучуваат посетите на домородните племиња во џунглата на Амазон, Зулу-ите на Јужна Африка, Сибирските номади, жртвите на цунами во Шри Ланка итн.
Секоја година стотици приврзаници од целиот свет доаѓаат да учествуваат и да уживаат во духовната турнеја на Индрадјумна Свами на светите места во Индија, а особено во Вриндаван.
Тој им помага и на многу семејства во многу земји ниэ светот, инспирирајќи ги да водат среќен и здрав живот. Грижата и љубовта кои тој ги дели со децата во целиот свет е многу важен дел од неговата мисија и тој посветува посебно време за децата охрабрувајќи ги да растат во мирна средина со практикување духовност, почитување на старите луѓе и иэградба на самите нив во добри и доблесни личности.

 

Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации